Кинезитерапија кај воспалителен ревматизам
Vrsta: Maturski | Broj strana: 13
Цел на проектот:
Цел на проектот е да се запознаеме со видот на
болеста и нејзиното влијание врз организамот, но исто така и да ги претставиме
потребните вежби, начинот на нивното лекување како и периодите на лекување.
Задачи:
Запознавање со кинезитерапијата кај воспалителен
ревматизам
Периоди на негово лекување
Комплекс од вежби кои се користат кај
воспалителниот ревматизам
Фази на болеста
Начини на изведување на вежбите
Вовед
Кинезитерапијата како израз потекнува од грчкиот
збор ,,кинесис“ што значи движење и ,,терапио“ што значи терапија.
Кинезитерапијата е наука која го користи движењето како основно средство за
лекување и подобрување на нарушеното здравје. Кинезитерапијата има свој почеток
уште од минатото. Многу одамна се увидело дека пасивниот човек побрзо се
разболува. Телесната неактивност води кон слабеење на мускулатурата и работата
на внатрешните органи. Оваа значајна компонента за животот и здравјето на
луѓето ја увиделе уште древните Персијци, Кинези, Еѓипјани и Римјани.
Во кинезитерапијата, за разлика од
медикаментозното лекување и примената на другите физикални методи, заболениот
или повредениот може сам активно да учествува. Докажано е дека активното
движење ги поттикнува и форсира зачуваните латентни способности на организамот,
го забрзува оздравувањето и психички влијае врз создавањето верба во успехот на
лекување, што има големо значење во текот на лекување на болниот. Со разумни
дозирани движења заздравуваат не само оштетените функции на локмомоторниот
апарат, туку и другите системи.
Кинезитерапијата, меѓу другото го забрзува
воспоставувањето на работната и натпреварувачка способност на болниот. Кај
многу болести кинезитерапијата се применува сама за себе, а понекогаш е
потребно да се комбинира со физикални, хирушки, медикаментозни и други методи.
Кинезитерапија кај воспалителен ревматизам
Поради деструктивните процеси кои ги зафаќаат
речиси сите структури на локомоторниот апарат, примената на кинезитерапијата
кај воспалителниот ревматизам има посебно место и значење во вкупната
рехабилитација на болните. Кинезитерапијата треба да се применува заедно со
сите други здравствено-хигиенски активности, неопходни за правилно превенирање
и лечење на воспалителниот ревматизам. Лечењето по правило е комплексно, а
пристапот индивидуален. Во развојот на воспалителниот ревматизам можат да се
разликуваат три фази, меѓу кои не постои остра граница. Секоја од овие фази,
има свои специфичности кои се многу значајни за правилно реализирање на
програмските цели и задачи на кинезитерапијата. Непознавањето или
непридржувањето кон нив, често може да доведе до несакани последици по
здравјето на болниот.
Периоди на лекување
Во првата-акутна фаза на болеста примената на
кинезитерапијата пред се зависи од текот на болеста, индивидуалните
карактеристики и субјективното чувство на болниот, односно мислењето на
лекарот. Ова го велиме, бидејќи кај некои заболувања и поединци, акутната фаза
може да биде проследена со висока температура и бурни реакции и да трае околу 1
седмица, а кај други значително подолго (2-3 седмици). Се разбира, во оваа
фаза, предност треба да има медикаментозната терапија, мирувањето и некои други
физиотерапевтски процедури. Во зависност од зафатеноста на зглобовите, вежбите
кај сите болни не треба да бидат еднакви. Од тие причини, кај поединци ќе се
применуваат пасивни, кај други активно потпомогнати, а кај трети активни вежби.
Исто така, понекогаш може да се случи и трите вида вежби да се применуваат кај
исто лице но во различни зглобови. Притоа, без разлика за кои вежби се работи,
дозирањето треба да биде различно, а вежбите по можност да се изведуваат во
секоја од постојните рамнини. Само на тој начин е можно да се влијае
превентивно (делумно или целосно), врз појавата на атрофија и контрактури, а
подоцна и анкилози и деформации на зглобовите. Истовремено со ова се даваат и
вежби за дишење. Во зависност од тоа, дали вежбите по карактер се пасивни,
статички или динамички (активно потпомогнати, активно непотпомогнати и активно
против отпор), нивниот број во комплексот, фреквенцијата, темпото на
изведувањето и амплитудата на движењата е различна. Во врска со тоа, без
разлика за кој вид вежби се работи, вежбањето треба да се спроведува најмалку 2
пати дневно (предпладне и попладне).
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!